Сања Кужет за Женски магазин: Семејството секогаш ми е на прво место

Добивај вести на Viber

Водителката Сања Кужет денес живее во среќен и хармоничен брак со сопругот Немања, со кој ги има синовите Страхиња и Вук кој се роди летово, додека од првиот брак го имасинот Андрија.

Не крие дека ужива во улогата на мајчинството и родителство, а покрај тоа успешна е во кариерата. 

Денес, живееме во модерно време, но Сања вели дека не е толку модерна мајка. Современто родителство беше тема и на првата Беkутан регионална конференција на која учествуваше и убавата водителка. Токму таму, Женски магазин, имаше можност да поразговара со Сања околу мајчинството и како таа и нејзиниот партнер ги воспитуваат децата.


„Со сопругот двајцата сме вклучени во родителството максимално, колку што ни дозволува времето, благодарение на мојата професија јас ја имам таа среќа да можам да им се посветам на децата. Не ми недостига ниту една фаза од нивното растење , давам свој максимум бидејќи поинаку не знам, и не умеам. Сопругот е до мене секојдневно, ние заедно донесуваме одлуки, можеби мајките се тука повеќе на некое оперативно ниво, генерално можеби повеќе време поминува со децата, но таткото е апсолутно тука кога се работи за некои поголеми дневни обврски.

Ако има хармонија децата знаат дека немаат многу простор за мрдање, дека е цврсто, дека имаме наши ставови и сме доследни на кажаното, што значи и просторот за фаќање кривини е помал. Но, апсолутно поддржувам тоа што татковците се вклучени во одгледувањето на своите деца, тоа се заеднички деца, нема мои, твои“, изјави Сања кога ја прашавме како таа и нејзиниот сопруг се организирани околу децата.


Сања Кужет вели дека доста се променила во родителството.

„Природно и нормално е ние мајките да се менуваме и да работиме на себе, баш поради времето во кое ги растеме децата, со оглед на тоа дека разликата помеѓу мојот прв и трет син е 15 ипол години, нормално е дека и времето се променило и некои мои начини и алатки преку родителството да поминам што полесно и со поголема количина на љубов. Меѓутоа, постулатите се исти, да станат добри луѓе, успешни, утре татковци, сопрузи итн. Важно е да не отстапуваме од тоа што е најважно на тој тоа наш пат, останатите секојдневни работи сигурна сум дека ќе се променат зависно од времето во кое живееме“, рече за Женски магазин водителката од „Ѕвезидте на Гранд“.


Сања вели дека и покрај тоа што живееме во модерно време, се придржува до традиционалното родителство.

„Јас уште го немам тоа модерното во мене, живеам во модерен свет, но моите деца имаат традиционални навики, споменавме на конференцијата исхрана, јас готвам, ако некој мисли дека тоа е некоја брза храна, не, не е, мислам дека во родителството е правилно да им дадете на децата оброци, љубов, сон за да се регенерираат и да бидат здрави, треба да им овозможиме да се дружат , да излегуваат“, искрена е Сања.

Сања и нејзиниот партнер се вклучени во родителството максимално, колку што им дозволува времето.

Таа вели дека нејзините постулати во однос на тоа како ја воспитувале родителите не се промениле само околностите се промениле.

„Со сопругот се трудиме се ова спомнато да го спроведеме, јас себе не се доживувам како претерано модерна мајка.


Што би било исто, тоа се неколку клучни зборови да бидат добри луѓе, да се школувани, емпатични и да имаат разбирање за другите луѓе и за светот околу нив. Од друга страна тука е средината која ги воспитува и менува така што мораме да ги следиме и тие околности, каде се движат тие, со кој дружат, во кое школо одат и со каков спорт се занимваат, за да на крај со заеднички сили дојдеме до најдоброто“ децидна е Сања.

За крај Сања ни кажа дека секогаш примат би дала на домот и на семејството.

Maјките денес многу работат и тоа го поддржувам, јас предност давам на семејството секогаш, и поради тоа скалило сметам дека ако мама е малку повеќе дома дека тоа ќе биде добро за семејството и за одржливост на едно семејство.


Ирена Ставрова