Животна училница // Приказни
КОЧАНИ МАРШИРАШЕ: Kој ги уби нашите херои и кој ги пеплоса тие ангелски лица?

Кој ги уби нашите ангели, кој ги уби нашите херои и кој ги пеплоса тие ангелски лица, праша денеска една од мајките на маршот во Кочани.
Голем број граѓани учествуваа во протестниот „Марш за ангелите“ што го организираа семејствата на починатите млади во пожарот во дискотеката „Пулс“.
Мирниот собир почна во Паркот на Револуцијата во 12.05 часот, како симбол на задоцнетата институционална реакција, а потоа граѓаните се упатија кон Трговскиот центар, кон зградата на Општина Кочани, Полициската станица и Основниот суд и Обвинителството.
На 16 март годинава во пожарот загинаа 59 луѓе, а вчера почина и Александар Карадаковски кој беше на лекување во Литванија, со што бројот на жртви се искачи на 60.
Фото: принтскрин