Имал 4 години кога останал сам на железничка станица: Момче од сиропиталиште посвоено на другиот крај на светот, по 28 години ја дознало вистината

Добивај вести на Viber

Имал само четири години кога се изгубил на железничката станица, а потоа животот целосно му се променил

Приказната за Гуминг Мартенес, по потекло од Кина, кој по 28 години на почетокот на годината ја дозна вистината за своето потекло, го обиколи целиот свет. Имал само четири години кога се изгубил на железничката станица, а потоа животот целосно му се променил.

Го однеле во дом за изгубени деца, но родителите не го нашле. Извесен период останал во сиропиталиште, а потоа едно семејство од другата страна на светот му дало дом. Семејството кое го посвои во Холандија никогаш не ја криеше вистината за неговото потекло и го поддржаа да си го најде семејството. 30 години подоцна успеал во својата намера.

Реконструкција на настанот

Момчето завршило во полиција каде се обиделе да му влезат во трага на семејството, но безуспешно. Гуминг на крајот беше усвоен од холандската двојка Јозеф и Марија Мартенс во 1996 година. 

Посвоителите решиле да не му го менуваат името и го задржале она што го слушнале дека го има во сиропиталиштето - Гоу Јонгминг.

Кога станал доволно голем му рекле дека е посвоен, а потоа започнала потрагата по неговото биолошко семејство. Во таа борба, која траеше 12 години, најголема поддршка му беа токму родителите кои го одгледаа.

Тие заедно ја посетија Кина во 2007 година за да ги најдат неговите родители. Го посетиле домот за сиропиталиште каде што бил, но од него немало трага бидејќи домот бил затворен.

Следните пет години Гуминг ги поминал повторно учејќи кинески и ја посетил Кина уште три пати за време на студиите. Во 2012 година, тој ги регистрирал своите информации во волонтерското здружение Баби Хуиџиа во градот Тонгхуа, кое помага повторно да се обединат разделените членови на семејството.

Отприлика во исто време ги завршува студиите на Универзитетот во Лајден во Холандија. Гуминг потоа се преселил во Канада каде дипломирал лингвистика на Универзитетот Мекгил. Во моментов работи како експерт за препознавање говор со вештачка интелигенција во Канада.

Кога клопчето почнало да се отплеткува, сфатиле дека семејството сака да го најде својот изгубен син, а не дека намерно го напуштиле, како што се мислеше дотогаш. За жал, таткото на Гуминг починал во 2009 година.

Откриен е благодарение на примероците од ДНК. Имено, неговиот брат Гао Ксијанџуна побарал од мајка му да ја регистрира неговата ДНК во полиција во 2017 година.

Откако беше потврдено совпаѓањето со ДНК, Гуминг повторно се соедини со својата мајка во февруари оваа година. Го посетил гробот на својот татко во Џиангсу и ги запознал неговите полубраќа и сестри, тетки и чичковци.

Неговиот вујко дури му ги предал парите што ги добил татко му за уривање на неговата куќа пред години и му ги чувал повеќе од една деценија. Откако започна успешна кариера во Канада, Гаминг тогаш за медиумите изјави дека планира да ја посетува Кина барем еднаш годишно за да се види со своите роднини, со кои сега има добри односи.


Фото: Youtube - screenshoot