Еден допир со раката на градите смирува како дијазепам: Елена Антоновска во нашиот подкаст „КАЖИ ШИФРА“

Добивај вести на Viber

Да се биде во друштво со мастер учител не е лесно. Ги знае сите животни шифри. Со поглед може да оцени и процени.

Токму во третата епизода од подкастот КАЖИ ШИФРА  на Женски магазин, подржано од Фактор.мк гостинка ни беше Елена  Антоновска.

Таа е професионален сертифициран коуч акредитиран од Интернационалната коучинг федерација (ICF – PCC), тренер и сопственик на Ars Lucida – World of Wellness во Скопје. Ментор и мастер учител за личен и професионален развој, при што листата на вештини и методи кои влегуваат во нејзиниот домен на работа е долга. Во март 2017 година е прогласена и за најуспешна жена менаџер за 2016 година од областа на личниот и професионалниот развој.

Со неа разговаравме на сите животни теми, како да станеме подобра верзија од себе, кои се начините за да бидеме среќни, суштината на нашето битие, општествените стеги и норми, леснотијата или тешкотијата на животот, енергијата, како се постигнува внатрешниот мир неопходен за се што правиме, создаваме, љубиме, помагаме...

Во краткиот дел од видеото на поткастот кој ќе оди премиерно во недела (17 Ноември) во 10 часот, имате можност да видите една техника со допир. Да, со допир и колку е тој битен!

Погледнете: