„Ја обожавам, но нејзините нозе...“: Моника Белучи позираше во подвезици, за еден детаљ сите ја критикуваат
За време на снимањето, 60-годишната Моника Белучи сменила неколку комбинации, покажувајќи ја својата витка линија и сите совршено и прилегале.
Познатата италијанска актерка Моника Белучи стана главна хероина на новиот број на кинескиот магазин ELLE. Таа на насловната се појави во кафено кожено палто, со неверојатен ѓердан околу вратот.
Она што сепак привлече најмногу коментари се фотографиите објавени во самиот магазин, на кои таа позира во предизвикувачки комбинации со црна тантела и оглавици на кои покажа како нејзината убавина е навистина безвременска.
За време на снимањето, 60-годишната Моника Белучи сменила неколку комбинации, покажувајќи ја својата витка линија и сите совршено и прилегале. Во согласност со тоа, следеа и коментари на социјалните мрежи.
„Не само што беше убава во младоста, таа е безвременска роза“, „Бев без здив“, „Послатка од месечината“, „Те сакам Моника“. Фотографиите и се допаднаа на колумбиската актерка Софија Вергара.
Сепак, многумина забележаа дека фотографиите се доста обработени.
„Ја сакам Моника, но нејзините нозе се фотошопирани“, „Какви нозе“, „Премногу фотошоп“, заклучија фановите.
Фото: ИнстаграмИзвор: Kurir.rs