„Трошам 20.000 евра месечно“: Инфлуенсерка ги шокираше сите со шокантна изјава за тоа колку ѝ треба за кирија

Добивај вести на Viber

Иако своевремено и предвидуваа блескава тениска кариера, Тамара Бојаниќ не ја искористи како што треба.

Некогаш позната по успесите во белиот спорт, денес заработува од разголени фотографии, вниманието на јавноста го привлече со провокативните фотографии и видеа кои ги продава на сајтови за возрасни.

Тамара своевремено беше член на Фед купот на Црна Гора во 2014 и 2015 година, а нејзините јуниорски резултати беа исклучително забележителни. Кога станува збор за нејзината професионална кариера, таа имаше неколку забележителни успеси и беше веднаш зад 1000-тото место на ВТА листата. Таа денес заработува од разголени фотографии и ја промовира својата работа на социјалните мрежи.

Таа откри и како нејзините родители реагирале на тоа.

- Мама и тато реагираа хаотично, да бев дома ќе ме исфрлеа , но бидејќи веќе бев независна им реков ако сакате да ми давате 20.000 - 30.000 евра месечно, нема. Заработувам по 30.000 месечно, утре даночна ќе дојде на врата, куц, куц- рече Тамара.

- Планирам да отворам нешто, за тоа ќе разговараме следниот пат. Да бидам искрена, слабо штедам. Најмногу трошам на излегување, плаќам се за себе, но и за другите. Месечно трошам од 15.000 до 20.000 евра. Мене ме чини од 150 до 200 евра дневно кога не пијам, и 500 евра кога пијам - вели Тамара за Курир.

Инфлуенсерката изјавила дека веќе е запознаена со професијата бидејќи нејзината пријателка која е на иста возраст заработува од 300.000 до 400.000 долари месечно и дека американскиот пазар е најсилен.

Таа не крие дека сакала да влезе во реалното шоу, но и дека за тоа има цифра која не е помала од 200,00 евра.

За тие пари би ги оставила да ми скокнат на глава. Ми се јавија неколку пати. Изнајмувам стан и плаќам 3000 евра. Моето семејство во Црна Гора има градежна компанија, имаме 7 наши вили со базен и теретана. Можеби ќе купам стан овде. Го сакам Тиват во лето и Белград во зима.

- Ако немам 3.000 евра да платам кирија, подобро да се пукам во себе - рече Тамара и со својата изјава ја шокираше целата јавност.