Актуелно // Insta вести
Жена мачка: Мартија Станојковиќ во кожа од глава до пети мами воздишки
- 14 Ноември, 2024
Младата пејачка Мартија Станојковиќ на нејзиниот последен настап се појави како жена мачка. Целата во црн латекс и вртоглаво високи потпетици, мами воздишки.
Пејачката која пошироката јавност ја запозна преку музичкото шоу „Пинкови Ѕвездички“ пред 10-тина дена извади и нова песна, во чиј спот исто така ја истакна својата витка става и совршено обликувани стомачни.
Па слободно може да кажеме дека 20-годишната убавица се грижи за својот изглед и тоа гордо го покажува.
А во една прилика Мартија покажа и колку активно вежба и кои справи ги користи за да има убаво и атрактивно тело.
Фото: Инстаграм
Р.Ж.М.