Александра Јанева роденденот на сопругот го прослави несекојдневно и неочекувано: Под адреналин и многу боја
Александра Јанева е еден од најмоќните гласови на Македонската естрада.
Многупати покажала дека пее и грми, неколку нејзини песни веќе се впишаа во безвременските хитови кои ќе се слушат и пеат засекогаш. Таа инаку по образование е стоматолог, но засега се занимава само со музика и редовно е букирана со настапи. Редовно е на релација Скопје-Струмица.
Во август годинава атрактивната струмичанка се омажи со својот избраник Иван. По свадбата парот одмараше на Малдивите, а деновиве на многу необичен и интересен, адреналински начин го прославиле роденденот на нејзиниот сопруг.
Имено, Јанева заедно со Иван и друштво се одлучиле да покажат и други способности, па неговиот роденден го прославиле во Paintball центар.
Пеинтбол е игра/забава со натпреварувачки дух, најчесто се натпреваруваат две групи од неколку луѓе кои екипно ги гаѓаат противниците со боја т.е топчести желатински капсули исполнети со боја наречени топчиња за бојадисување кои се кршат при удар и така ги елиминираат противниците од игра. Топчињата за бојадисување обично се пукаат со помош на ниско-енергетски воздушни оружја наречени пејнтбол маркери кои се напојуваат со компримиран воздух или јаглерод диоксид.
Одлична идеа за сосема различен, необичен начин за прослава на роденден.
Фото: Инстаграм