Актуелно // Insta вести
Сонце, коктели, нуркање: Александра Јанева со сопругот на егзотична плажа во октомври
Малдивите секогаш се одлична идеја за егзотично патување. Таква добра одлука направи и пејачката Александра Јанева која со нејзиниот сопруг Иван и блиски пријатели заминаа да ја истражуваат оваа островска земја.
На Малдивите има што многу да се види, од преубави бели песочни плажи, коктели во кокос, подводна авантура, па се до несекојдневниот „танц“ на делфините.
Сето ова што го напишавме го уживаше пејачката.
Оваа убавина е доживување кое се памети цел живот.
Греота е доколку овој природен дар не се искористи за неколку фотографии. Јанева се фотографираше во два костими за капење, но и во двата покажа одлична фит форма.
Веруваме дека Александра од Малдивите ќе се врати со спомени кои ќе траат за цел живот.
Фото: ИнстаграмРЖМ