Разголена и ултра сексапилна: Мартија Станојковиќ со „Феномен“ на убавина каков што не сме ја виделе досега (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Познатата и атрактивна пејачка Мартија Станојковиќ пред неколку дена ги збуни своите следбеници на социјалните мрежи со неколкуте фотографии кои ги објави. Имено, Мартија позираше со гол грб на кој беа испишани неколку различни реченици, но без да прецизира која е причината за тоа. Но вчеравечер Марија изненади на социјалните мрежи.

На сите музички платформи и социјални мрежи ја објави својата најнова песна со наслов “Феномен” и наиде на бура од позитивни коментари. Како за песната, така убави коментари се пишуваат и за спотот. Инаку, Мартија овојпат соработуваше со еден од нашите најплодни музички продуценти, Лазар Цветкоски, додека пак текстот е дело на неговата сестра Ена Цветкоска.

 „Морам да истакнам дека сум презадоволна од продуктот кој го добивме на крај. Лазар и Ена максимално се посветија и финалниот производ го слушате и го гледате. Ме радува што читам позитивни коментари и што добивам постојано пораки дека им се допаѓа песната” - истакна младата пејачка.

Мартија сними и спот и тоа повторно со истиот тим со кого го работеше спотот снимен во Дубаи за песната „Анатомија“, поточно со режисерот Ризи Рејн (Reezy Rane). Песната уште во првите два часа од објавата влезе во трендинг на музичката платформа Јутјуб, а во моментов се наоаѓа на 16 позиција со тендеција бројот да се намалува.