Благоја Грујовски ја пофали чорбата на Гавазова: Еве како заврши домашната дружба во Струмица

Добивај вести на Viber

Познато е дека фолк пејачите Сузана Гавазова и Благоја Грујовски кои освен што се колеги, туку се и одлични семејни пријатели. Како што се вели си одат по гости.

Па така, Сузана сподели кратки видеа од нејзиниот дом и гостувањето на нејзиниот пријател Благоја и Живко со кој често настапува.

„Чест и задоволство што вечерва имав вакви гости уметници на гости“, напиша Сузе.

Домаќинката за добредојде на гостите им подготвила чорба која ја пофалија гостите.

„Ова е посебно доживување да ми свири Живко Динев, а јас да уживам со чорбата на Сузана Гавазова и тоа во Струмица“, вели Грујовски во видеото.

Ќерките на Сузана и Јасмин, покажаа и дека се музикални додека свиреа на пијано, а Благоја нивни ментор.

„Кога те слуша ваков уметник како Благоја Грујовски поинаку се свири. Се надевам дека во иднина ќе станат големи уметници. Чест и задоволство е да ти биде гостин Благоја, а пред него да свират нашите мили гости“, напиша Сузана на видеото.

Домашната атмосфера, вкусната храна, одличното друштво се заокружи со песна, „Кому да запеам“ и емотивната изведба на Благоја.

Сузана и Благоја подготвуваат дует, за кој снимија спот. Песната е насловена „Пејте пријатели за Могила“, сниман е во токму во општина Могила, со интересни кадри додека тие двајца се возат во кочија, облечени во староградска облека.

View this post on Instagram

A post shared by КЈК Букефал (@kjk_bukefal)

Фото: Инстаграм
РЖМ