Иако приватниот живот го држи далеку од рефлекторите, утрешната панел дискусија за родителството што ја организира „Бекутан“ беше причина популраниот водител ексклузивно да ни откртие дека на настанот нема да се појави само во улога на модератор.
Жарко Димитриоски водителот на популарното ток шоу „ Еден на еден“ ќе зборува и за родителството. Пред пет месеци стана татко.
-Нашата ќерка има има само пет месеци и веќе е најголемата радост во нашиот живот и мало сонце кое ни го осветлува секој ден. Гледаме како расте, уживаме и посакуваме секој да доживее таква радост- ни откри Димитриоски.
Панел дискусијата ќе се одржи утре а покрај Димитриоски за родителството ќе зборуваат Сашко Коцев, Тарик Филиповиќ и Петар Бенчина. Настанот ќе се пренесува во живо на becutan social profilive.
С.А.Н