Погледнете како изгледа мајката на Мелита: Убавината ја наследила од неа, а одговори и дали е во врска

Добивај вести на Viber

Поранешната водителка Мелита имаше убав повод за славење. 

Нејзината мајка Виолета прослави роденден. Со низа нивни заеднички фотографии на кои се тие две, а на некои е и нејзината ќерка Барбара, Мелита ѝ посака најубави роденденски желби на својата мајка.

„Среќен роденден моја најсакана мамо“, напиша поранешната водителка на неколку фотки на Инстаграм Стори.

Она кое може да се забележи од сликите е дека убавината и убавата става Мелита ја наследила од нејзината мајка, а Барбара по малку зела и од двете. 

Но, она кое е интересно за јавноста е одговорот на Мелита на прашање кое ѝ го постави нејзин следбеник на Инстаграм. Ја прашаа дали е во врска и со кого, Мелита прво се насмеа, а потоа откри: „Да сум...“


Фото: Инстаграм

Р.Ж.М.