Не можам да замислам подобар татко од Филип за нашите деца: Ена Талеска семејно за Женски магазин
Ена и Филип Талески веќе 7 години уживаат во хармоничен брак. Плод на љубовта која се родила спонтано се двете ќерки Софија и Марија. Двајцата спортисти, моментално живеат во Лисабон, Португалија, каде Филип настапува за клубот Бенфика.
Ена вели дека не би можела да замисли подобар татко од Филип за нејзините деца.
„Ние и двајцата сме од спортски семејства. Мојата мајка беше професионална ракометарка, а јас од својата 6-та година активно спортувам. Почнав со други спортови па подоцна се пренасочив и јас на ракомет. Со Филип се познававме и претходно македонскот ракометен свет на нашата генерација.
Пред да почне нашата приказна, јас веќе живеев во Германија каде мојата фамилија живее последните 15 години. Филип потпиша договор со Rhein Neckar Lowen тоа е на некои 70км од местото каде што живеев. Нашите први средби беа во Хеиделберг, еден од најубавите градови во Германија, каде што наш многу близок пријател имаше македонски ресторан. Во ресторанот често се организираа македонски дружења на кои Филип со задоволство се приклучуваше и секогаш подаруваше карти за сите негови натпревари, а нашите луѓе во Германија беа секогаш задоволни што во нивното дружење Филип како македонски спортист земаше учество.
Јас искрено во тој период бев во некој свој „филм“ со моето тамошно друштво. Бидејки се откажав од ракометот да се посветам на некои други битни работи, бев малку разочарана па немав многу желба да одам на тие ракометни натпревари. Со Филип неколку пати се сретнав во македонскиот ресторан, кога се приклучував и јас на моето семејство во дружбите. Почнавме да се дружиме и некако спонтано сето тоа прерасна во нешто повеќе“, искрено и прв пат во Женски магазин ни раскажува Ена, сопругата на репрезентативецот Талески.
Филип, како и секој сопруг, посакувал да има син, но нивната желба да имаат две деца на кои ќе им се посветат максимално, се остварила и сега уживаат со двете девојчиња.
„Филип е многу среќен што има две девојчиња, а и сестринската љубов е нешто најубаво и ние само уживаме во миговите поминати заедно“ - додава Ена.
Од самиот почеток на нивниот заеднички живот Филип бил многу често отсутен од дома, со тимот се натпреварувал во бундес лига и лига на шампиони, така што Ена вели дека веќе не го ни чувствува тој момент така тешко.
„Поради напорниот распоред јас пробувам да го поштедам од сите останати обврски така што кога е на патување ние максимално го користиме времето. Софиа оди во многу добро Интернационално училиште каде наставата е на англиски јазик и имаат навистина премногу активности. Додатно оди на пливање и гимнастика во школата на Бенфика. Нејзините денови се целосно исполнети, а јас сум повеќе обврзана да ѝ го исполнам времето на Мариа. За дечиња до 3 години нема група во Интернационалното школо и одлучивме дека за нејзина возраст ќе биде премногу напорно да учи португалски јазик. кој никој дома не го зборува а исто и она е во период кога го уцхи македонскиот јазик. Одлуката ја донесовме поради тоа што договорот на Филип во Бенфика истекува на крајот на сезоната и не знаеме која ќе биде нашата следна дестинација“, ни раскажува сопругата на ракометарот дополнувајќи дека сите оние обврски кои ги носи фамилијарниот живот пробува да ги заврши додека Филип е на патување па кога е дома да можат да го искористат времето максимално за нив.
Ена вели дека не би можела да замисли подобар татко од Филип за нејзините деца.
„Филип е прекрасен татко. И двете се негова слабост, бидејки Софиа е поголема поминува повеќе време со неа и веќе имаат нивни игри, активности во кои што уживаат заедно да ги прават. Мариа е с уште малечка да може да ги следи, па ние две си наоѓаме други занимации“, вели Ена.
Филип и Ена во Лисабон живеат веќе една и пол година. Како млади заминале од Македонија, и за нив, како што вели е нормално живеењето во странство, на кое се навикнати.
„Софиа многу лесно го прифати новото место на живеење и стекна многу другарчиња, а Мариа е сѐ уште мала за да има таков проблем. Секако, мислам дека на сите што живееме надвор ни фали по нешто што го има само во Македонија и секогаш е убаво да се дојде дома“, вели оваа млада мајка.
Семејството Талески со живеењето во Португалија ја има честа и почесто да биде на плажа.
„Сакаме се што нуди оваа земја да го искусиме и мислам дека тоа ќе остане прекрасно сеќавање за децата. Менталитетот на луѓето е сличен како нашиот но, има една голема разлика нивната љубов кон својата држава и како си чуваат се што имаат. Португалија е многу стара држава полна со историја и секој дел од таа историја може да се види во секое ќоше, што мене искрено ме воодушевува. Зимскиот период е топло и многу ретко паѓа температурата под 10 степени“, додава Ена.
Сопругата на македонскиот ракометен репрезентативец во овој момент е посветена само на семејството.
„Во моментот искрено немам простор да работам, јас на тоа гледам дека е нешто нормално со кое се соочува секоја мајка додека децата се мали. Кај нас е уште потешко затоа што Филип нема стриктно работно време и работи 7 дена во неделата, што значи не можам да се потпрам на неговиот распоред и никогаш не знам дали ќе биде дома или на патување кога имам некоја обврска, па поради тоа организирам само тоа што можам сама да го завршам. Ама тоа воопшто не ми пречи, уживам во овој период кој никогаш нема да се врати, а за мене знам дека ќе имам многу време понатаму“, зборува отворено Ена.
За Ена спортот е најубаво нешто во животот, да се биде дел од него е навистина привилегија, вели таа.
„Не секој имал можност да го искуси тоа. За мене спортот е начин на живот, кога еднаш си дел од него тоа ќе ти создаде навики и карактер на некој начин кој ќе те следи низ целиот живот. Мајка ми е исто како Филип, играч на Металург тогашен РК Скопје. Подоцна играше за Пелистер Битола каде и живеевме, бидејки татко ми е битолчанец. Па така од мојата втора година бев секој ден во сала со мајка ми на тренинг. Филип исто од мали нозе е на скии, што се подразбира за секој крушевчанец“, вели Ена образложувајќи дека е многу среќна што нивните деца ќе растат во таква средина и се надевам дека ќе имаат шанса и тие да го искусат на своја кожа.
„Секако како и секоја професија има свои позитивни и негативни страни.
Професионалниот спорт носи многу убави, но и многу тешки моменти со кои не е баш лесно човек да се справи и продолжи понатаму. Спортот како професија бара многу голема жртва на секој од семејството, но мое мислење дека сето тоа се исплати“, вели на крајот од напето интервју госпоѓа Талеска.
ФОТО: Приватна архива
Ирена Ставрова