Убав повод за славење во домот на Горан Пандев: „Се надевам дека твојот ден е специјален колку што си и ти“

Добивај вести на Viber

Поголемата ќерка на нашата најпозната фудбалска ѕвезда, „виновникот“ поради кој Македонија за прв пат учествуваше на Европското првенство во фудбал, Ана прослави роденден.

Втората среќа на Горан Пандев, неговата ќерка Ана наполни 13 години.

Гордиот струмичанец на Инстаграм сподели фотографија од тинејџерката и на италијански јазик напиша: „Се надевам дека твојот роденден е специјален колку што си и ти. Најубави желби, тато“

Инаку, Горан Пандев и сопругата Надица имаат три деца. Филипо, Ана и Софија. А според фотографијата што ја сподели великанот Пандев, Ана се‘ повеќе наликува на својата мајка Надица.  


Фото: Инстаграм/Женски магазин - архива/Youtube - screenshoot