Агнеса Органџиева: „Три години ме прогонуваше, секој мој чекор! Застрашувачки“! - КАЖИ ШИФРА
Во новата епизода од подкастот КАЖИ ШИФРА на Женски магазин, овозможено од Фактор мк. на гости ни беше Агнеса Органџиева. Откри нешта кои никогаш до сега не ги кажала никаде.
Инаку, каде и да се појави, таа остава силен впечаток. Ја нарекуваат фам фатал, а има таква аура што привлекува сечиј поглед и внимание. Едноставно е уникатна сама по себе. Агнеса има армија од обожаватели на социјаните мрежи, па и точка да стави ќе биде во центарот на вниманието.
Но, таа многу луцидно игра со содржината која ја пласира. Пред се гламур, зачинет со доза на елеганција и сексипил, спакувано во соодветна естетика. Иако е инфлуенсерка, Огрганџиева е правик со магистратура, има свои приватни бизниси и посветена е целосно на својата работа. Има и две прекрасни ќерки кои ги воспитува во духот на вистинските вредности. После разводот за кој се крена голема прашина, таа продолжи да биде своја и за многумина инспирација. Посебно во модниот дел каде прикажува нешта кои се уникатни. Верува во Бог, не се осврнува многу на лошите коментари и вели дека доброто со добро се враќа. Затоа и многу помага онаму каде што е најпотребна помош.
Во целиот поткаст зборуваме за многу нешта кои ја допираат и неа лично но и останатите кои се нашле во иста или слична стиација. Многу искрено одговара, директна е, не заобиколува и не ги избегнува прашањата. Поминала низ многу животни перипетии, научила многу од животот, но едно е сигурно- она што го постира на социјаните мрежи и она што е приватно, не се едно исто. За се си има одредено свое место и време- со причина.
Погледнете го целиот поткаст на КАЖИ ШИФРА: