Блеснаа новогодишните елки во домовите на познатите: Еве каде почна да „мириса“ на Нова Година и Божиќ

Добивај вести на Viber

Полека но сигурно се ближи крајот на 2024 година. Во месец декември веќе започнуваат подготовките за Новата година и Божиќните празници.

Кафулињата и излозите во главниот град веќе го добиваат препознатливиот новогодишен изглед, додека граѓаните се во очекување дали оваа година метрополата ќе го врати вистинскиот сјај за новогодишните празници.

Ова е најубавиот период од годината во кој се сумира изминатата година со сите згоди и незгоди, убави и не толку убави моменти, се подаруваат подароци на блиските роднини и пријатели, се прославува крајот на годината и се слават успесите.

Месец декември е и период кога во големите европски градови се отвораат „Божиќните базари“, кои секоја година привлекуваат голем број на туристи.

Колачиња на цимет, варено вино, специјалитети карактеристични за местото кое го посетуваш, сувенири со божиќни мотиви, се составен дел од овие базари.

Во домовите на дел од познатите веќе блеснаа новогодишните елки. Во различни димензии со различни украси, но најважно сите убави.

Погледнете кај кој од познатите веќе се чувствува новогодишна атмосфера:

Тамара Тодевска
Хана и Дарен позираат пред новогодишната елка

Антеа Љумаковска
Пејачката оваа година се одлучила за бела елка.

Ивона Јо
Покрај елката е и миленикот на пејачката Бејби.

Октај Сејди
Домот на стилистот за коса Октај веќе блесна во новогодишно руво.

Моника Зец
Новогодишната елка блесна и во домот на Моника, 
графичка дизајнерка, блогерка и сопственичка на мал бизнис.

Г.Д.Г
Фото: Инстаграм