Завршете го почнатото: Астро совети за денес, 27 ноември: Нè очекува предизвикувачки аспект - Бидете дополнително внимателни во сè
Две планети во ретроградно движење, Јупитер и Меркур, планетите на просперитетот и бизнисот, формираат предизвикувачки аспект од 180 степени, односно се „преку“ една со друга.
Во исто време, Јупитер, кој владее со Стрелец, е во Близнаците, а Меркур, кој владее со Близнаците, е во Стрелец. Тоа е како планетите да ги замениле куќите во кои живеат. Исто така, двете планети се ослабени, Меркур е во знакот на неговиот егзил, а Јупитер е во знакот на неговиот пад. Но, бидејќи меѓусебно се „посетуваат“, нивното влијание е сепак посилно, што ќе се почувствува во областите што ги симболизираат, а тоа се патувања, контакти со странци, правни процеси, приватен бизнис, интелектуални активности, образование, сообраќај, комуникации, односи со роднини, соработници, деца.
Ретроградниот тек на планетите, освен конфузија со документи, клучеви, автомобили, пораки, мејлови, дефекти на уреди, телефони, лаптопи, понекогаш има и добри страни, бидејќи ни овозможува да завршиме нешто што не сме стигнале да го направиме предходно.
Јупитер е симбол на образование, патување и контакти со странци, а Меркур, комуникација, сообраќај, нови технологии, учење, пократки патувања. Ако сте започнале нешто на овие области и тоа останува недовршено, сега имате шанса да го завршите, бидејќи денес Јупитер формира тригон со Месечината во Вага, знакот на хармонијата и партнерските односи, пишува Новости.
Ако мислите дека сте ја пропуштиле шансата да добиете стипендија или можноста да студирате во странство, сега е вашата шанса да ја поправите. Доколку вашиот знак е Бик, можете да заработите преку соработка со странци.
Меѓутоа, на здравствен план треба да се има предвид дека спротивставувањето на ретроградниот Меркур кај Стрелец - ретроградниот Јупитер кај Близнаците предупредува на поголема опасност во сообраќајот (пат, воздух) и од природни катастрофи (земјотреси, поплави) и ја зголемува чувствителност на респираторниот систем (астма, бронхитис).
Фото: freepik