„Синчето на тато и мама потпорасна“: Стојанче Ангелов емотивен за роденденот на синот Марко

Добивај вести на Viber

Синот на Стојанче Ангелов, порасна.

Марко наполни 15 години, а гордиот татко објави фотографија и сподели интимен момент од раѓањето на синот.

„Синчето на тато и мама потпорасна. А како да беше вчера кога во породилната сала ја пресеков и неговата папочна врвца. Среќен 15-ти роденден сине мој!“, напиша Стојанче, директорот на Центарот за управување со кризи.


По објавата со фотографија со сопругата Јасминка и синот Марко, Ангелов сподели видео од синот како свири на гитара. Но и постави услов доколку Марко биде повикан да свири на некоја веселба.


„Доколку на некоја група и недостасува гитарист за свадби, синот Марко кој денес полни 15 години е на добар пат да ја пополни празнината. Но, само под услов доколку младоженците се панкери или рокери“, напиша Стојанче.

Минатиот месец ќерката на Ангелов, Сара наполни 16 години.

Стојанче Ангелов овој месец беше одбран за „Маж на годината“ на истоимената манифестација.

Во брак е 20 години со сопругата Јасминка, а како плод на нивната љубов се ќерката Сара и синот Марко.

Фото: Фејсбук
РЖМ