Со Јасмина се 20 години заедно, ги имаат ќерката Сара и синот Марко: Стојанче Ангелов на брз ручек со семејството по повод годишнина од брак

Добивај вести на Viber

Изминатите денови имавме можност често да го гледаме, но и да го слушаме како информира од најзагрозените делови од земјата кои се зафатени со пожари. Актуелниот директор на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, најде време и за своето семејство.

Тој објави семејна фотографија со сопругата Јасмина, ќерката Сара и синот Марко на семеен ручек, а поводот голем.

„Додека јас, во целата гужва со пожарите, по повод годишнината од брак со мојата прекрасна сопруга Јасминка од кој се изродија нашите уште попрекрасни чеда Сара (15) и Марко (14) седнав на еден брз семеен ручек, на пожарите се нафрли извонредниот тим од Главниот штаб за управување со кризи“, напиша Стојанче.

Ретко кога објавува семејни фотографии, но секогаш кога ќе ги сподели со јавноста имаат повод. Така минатиот месец (јули), Ангелов со неговата сопруга Јасмина објави фотографија од Шар Планина, одбележувајќи 20 јубилејни години заедно.

„20 години заедно. 20 години љубов, почит и страст. Љубов крунисана со две најубави деца на свет. Деца кои потпораснаа за миг и веќе се тинејџери. А ние го искористивме овој голем ден за нас за планинарење низ падините на Шар Планина“, напиша тогаш Стојанче.

Идниот месец во семејството на Ангелов ќе има уште еден повод за славење. Неговиот роденден. На 15-ти септември, актуелниот директор на ЦУК ќе наполни 52 години.

Фото: Фејсбук
Г.Д.Г