Актуелно // Insta вести
Антонијо Милошоски семејно за роденденот на ќерка му Илина: Доби торта со најпознатите детски анимирани ликови
- 26 Ноември, 2024
Пратеникот Антонијо Милошоски има убав повод за славење. Неговата ќерка Илина славеше роденден, девојчето наполни 6 години.
Гордиот татко заедно со неговата сопруга Симона и нивните 5 деца Давид, Дариа, Михаела, Илина и Филип го овековечија моментот со семејна фотографија и торта од познатите детски анимирани цртани филмови „Патролни шепи“.
„Радосен ден за нашето семејство, Илина полни 6 години. Среќен роденден од сестричките, батковците, мама и тато. Ви благодариме на сите за честитките и ви посакуваме многу добри вести“, напиша политичарот и им се заблагодари на сите за убавите зборови по повод роденденот на неговата ќерка Илина.
Р.Ж.М.
Фото: Фејсбук