Животна училница // Приказни
Жена во 7-та деценија од животот се породи на ГАК: Највозрасната прворотка во Македонија
- 26 Ноември, 2024
На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, 61 - годишна жена го родила своето прво дете.
Директорката на клиниката Ирена Алексиовска Папестиев објави дека таа се породила пред неколку дена и е најстарата жена што го родила своето прво дете во Македонија.
Според досегашните информации, мајката и бебето се во стабилна состојба.
Детето е зачнато преку ин витро процедура.
Повеќе детали се очекува денеска да соопшти директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство.