Избркајте ги злото и несреќата од вашиот дом: Овие обичаи треба да ги испочитувате денес на празникот на Свети Јован Милостив
Ако сте вистински верник, денес треба да се помирите со луѓето со кои сте во конфликт и да им простите на оние кои ве повредиле, бидејќи тоа ќе ви биде мелем за душата.
Верниците денеска го слават празникот посветен на Свети Јован Милостив, патријархот Александриски кој живеел кон крајот на шестиот и почетокот на седмиот век.
Роден е на Кипар во кнежевско семејство и од детството бил воспитан како христијанин. Рано ги загубил сопругата и децата, кои починале, оставајќи го сам.
Познат е по својата милост и побожност, а за патријарх Александриски е избран за време на царот Илариј. Десет години управувал со црквата како вистински пастир и ја штител од незнабошците и еретиците.
Бил пример за кроткост, милосрдие и човекољубие и велел: „Ако сакате благосостојба, не барајте ја во крвта, туку во милосрдието, бидејќи тоа е вистински просперитет“.
„Ако сакаш благородство“, велеше, „не барај го во крвта туку во добродетелта, зашто тоа е вистинското благородство“. Сите свети се одликуваа со милосрдие, но свети Јован ѝ беше предаден на оваа света добродетел. Еднаш, служејќи Литургија се сети патријархот на Христовите зборови: „Ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се сетиш дека брат ти има нешто против тебе, тогаш остави го дарот таму, пред жртвеникот, па отиди и најнапред помири се со брата си, а потоа дојди и принеси го дарот“ (Матеј 5, 23, 24) и се сети дека еден од клириците е зловолен кон него; тој брзо ги остави Светите Дарови, му пријде на тој клирик, му падна пред нозете и го замоли за прошка. И, дури кога се измири со човекот се врати пред жртвеникот. Еднаш, пак, одејќи кон црквата на светите Кир и Јован, се случи да го сретне една бедна вдовица и почна да му говори за својата беда. Придружниците на патријархот почувствуваа здодевност од долготрајната поплака на жената, па му рекоа на владиката да побрза в црква на служба, а жената би можел да ја слуша и после службата. Свети Јован им одговори: „А како ќе ме послуша мене Бог ако јас не ја послушам нејзе?“ И не сакаше да мрдне од местото дури не ја ислуша нејзината поплака докрај. Кога Персијците удрија на Египет, патријархот Јован седна во кораб за да се оддалечи од напаста. По пат се разболе и кога стигна на Кипар умре, завршувајќи го животот во својот роден крај, во 620 година. Неговите чудотворни мошти се пренесени најпрво во Цариград, а потоа во Будимпешта и најпосле во Пресбург.
Него го одбележуваат сите христијански цркви и го сметаат за светец на добрината, поради што се верува дека на овој ден треба да бидете милосрдни кон секој што ќе побара помош од вас.
Ако сте во расправија со некого или се лутите на некој што ви згрешил, простете му. Се верува дека кој и да прости, ќе му се врати повеќекратна благосостојба и среќа и дека ќе го избрка злото и несреќата од вашиот живот.