Македонската параолимпијка има повод за славење: Овој пат не е спортски успех, туку животен

Добивај вести на Viber

Македонската параолимпијка Оливера Наковска-Бикова слави јубилеен 50-ти роденден.

Таа објави фотографија на Фејсбук со торта на која има слика од неа во дресот на Македонија, на која има свеќички со бројот 50.

„Благодарност до сите за честитките по повод мојот 50-ти роденден“, напиша Наковска-Бикова.

Битолчанката која ја направи Македонија горда во 2012-та година на Параолимпијадата во Лондон со освоено злато, а потоа во 2022 година како светски шампион на Светското првенство во Обединетите Арапски Емирати.

Оливера е македонска стреличарка родена во Битола, која во повеќе наврати постигна големи успеси во овој спорт.

Наковска-Бикова оваа година беше единствената македонска спортистка на Параолимписките игри во Париз.

Наковска – Бикова, го освои 8. место во Воздушен пиштол – 10 метри на Параолимписките игри 2024 во Париз.

Фото: Фејсбук
РЖМ