Актуелно // Insta вести
Еве каков гламур ќе носат за новогодишната ноќ: Двете фолк дами во модни комбинации за чиста десетка
- 26 Ноември, 2024
Пејачите во овој период од годината имаат презафатен календар со настапи, што во кафеани за предновогодишни забави, што во телевизиски гостувања за снимање на новогодишните емисии кои ќе се прикажуваат за новогодишната ноќ.
Фолк-пејачките Анета Љумаковска и Елена Велевска во изгледи прилагодени за наменската емисија се фотографираа за на Инстаграм.
Елена Велевска одбрала долг фустан без ракави од светкав сребрен материјал, додека Анета Љумаковска во бела кошула со кожен фустан-тиролка во црвена боја.
Двете дами изгледаат одлично во модните комбинации кои ги одбрале за новогодишната ноќ.
Фото: ИнстаграмРЖМ