Кога се сака сѐ се може: Ирина Дишо во поодмината бременост и на студени температури сѐ уште активна и на Водно
Нашата најпозната алпинистка Ирина Камилоска или позната во јавноста како Дишо, сопругата на пејачот Павле Камилоски е бремена со второ дете.
Таа е веќе во поодмината бремена, на самиот почеток на 9 месец од бременоста. Но тоа не ја спречува активната планинарка со голем стомак и на многу постудени температури да се искачи на Водно.
Ирина е инспирација за сите жени, а особено за бремените. А многупати јавно и отворено зборувала дека физичката активност и во двете бремености и помогнале многу полесно да ја износи бременоста и дека се чувствува многу подобро кога вежба.
Инаку, алпинистката е мајка на малиот Јосиф кој има 1 годинка, а како што откри во една прилика сега со сопругот очекуваат девојче.
„Според Ирина, вежбањето за време на бременоста треба да биде претпазливо, да се консултирате со вашиот матичен гинеколог пред да почнете со вежби, но исто така според неа токму физичката активност и помогнала за намалување, односно олеснување на носење на тежината од бебето во утробата без да предизвика болки во грбот и половината“, на оваа тема зборувавме со Ирина кога таа беше во блажена состојба со Јосиф, а целото интервју прочитајте го ТУКА.
Фото: Инстаграм
Р.Ж.М.