Актерот и стенд-ап комичар Стефан Николовски пред 10 години и денес: „Сум ве малтретирал да си купувате карти“
Луѓето поголемиот дел од своето слободно време го поминуваат прелистувајќи на Интернет. Таму најчесто ги дознаваат потребните информации, но и во тој виртален свет бараат забава повеќе особено кога сакаат да се насмеат од срце.
Прелистувајќи низ социјалните мрежи сигурно сте наиделе на некое од многуте интересни и пред се‘ хумористични видеа кои ги прави младиот актер и стенд-ап комичар Стефан Николовски.
Актерот кој полека но сигурно станува еден од најгледаните комичари кај нас и кој редовно прави нови хумористични видеа кои ги засегаат граѓаните и кои ги насмеваат од срце овој пат на Инстаграм Стори сподели видео од пред 10 години.
Тогаш Стефан имал само 14 години и оттогаш се движел низ театарските кругови во неговиот роден град, Велес и токму во тоа видео тој ги повикува граѓаните да си купат карти.
„И пред 10 години сум ве малтретирал карти да си купувате - 2014“, напиша Николовски на видеото. А од него може да видиме дека младиот актер не се променил многу низ годините, барем кога станува збор за неговата физиономија, а и на уста останал ист: брз, смешен, интересен...Во интервју за Женски магазин, Стефан откри дека на 9 години прв пат застанал на театарска сцена во античкиот театар Стоби и откако ја почувствувал таа магија не престанал да работи и да го сака театарот безусловно. Целото интервју прочитајте го ТУКА.Фото: Инстаграм/ Женски магазин - архива
Р.Ж.М