„Би сакала да стигнат во рацете на некој кој што навистина има потреба“: Милена Антовска донира облека
Секоја чест!
Скоро секое утро се будиме со неа, ја гледаме на малите екрани. Во утринската програма на Канал 5 телевизија зрачи со позитивност и искрена насмевка, а сега ја воодушеви јавноста со нејзиниот повик за донација на облека.
Водителката Милена Антовска Станковска сака да донира облека.
Атрактивната скопјанка собрала неколку кутии со летни и зимски парчиња кои како што напиша на Инстаграм стори сака да ги даде на некој кој што навистина има потреба.
По само 2 часа откако објави дека сака да донира облека, Антовска откри дека веќе неколку дами ѝ пишале и ја советувале каде би можела да ја донира облеката.
Одличен потег на водителката, можеби токму таа ќе биде поттик и за останатите наши јавни личности да донираат облека или друг вид на средства.
Р.Ж.М.
Фото: Инстаграм