Здрав леб кој не дебелее: Ве одржува сити во текот на денот и може да трае цела недела (ВИДЕО)
Ви го пренесуваме најдобриот рецепт за здрав леб кој не дебелее. За да го направите потребни ви се следниве намирници:
-500 гр интегрално пченично брашно
-1 кесичка сув квасец (10 g)
-1 лажица кафеав шеќер
-1/2 лажичка сол
-1 лажица мелен лен
-1 лажица чиа семе
-1 лажица семе од сусам
-450 ml топла вода
-сусам, лен, чиа семе за посипување
Начин на подготовка:
Во сад ставете го интегралното брашно, квасецот, шеќерот и убаво промешајте, па ставете 200 мл топла вода, промешајте убаво и потоа додадете ги останатите намирници меленото ленено семе, чиа семето, сусамот, сол и додадете ја преостанатата топла вода (250 мл). Целата смеса убаво соединетете ја. Во тавата која ќе го печете лепчето намачкајте го убаво на сите страни со масло за јадење и посипете го со интегрално брашно, па ставете ја смесата во тавчето. па ставете семиња по ваш избор одозгора. Вака подготвеното лепче се става на топло место, околу 30 минути да нарасне. Печете на загреана рерна околу 30-35 минути на температура од 200 степени.
Бон апетит!
Фото и Видео: Youtube