Бекам му е до колена: Македонскиот голман со изгледот ги собра сите погледи среде Скопје
Голманот на Македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски гордо и заслужено го носи епитетот најубаво облечен маж во нашата земја.
Ова го потврдува и со тоа што Димитриевски е барам модел за модни брендови. Пред неколку години тој сними моден едиторијал за шпанскиот онлајн магазин 25Gramos, во соработка со „Минишоп Мадрид“.
Во интервју насловено „Фудбал и мода со најдобро облечениот голман во Ла Лига“, Димитриевски открива дека отсекогаш сакал да се облекува убаво и различно од другите.
Неговата последна објава на социјалните мрежи од Скопје, собра голем број лајкови и коментари.
На фотографиите тој е облечен во долг кафен мантил, црни панталони и чевли, џемпер со црвени и бордо коцки. Изгледот го надополнил со црна зимска капа.
„Какво лудило од маж“, „Секогаш најдобар“, „Шефе“, „Следно ниво“, „Оган изглед“, се само дел од коментарите.
Инаку Столе кој е роден кумановец, вчера ја доби Ноемвриската награда, највисоко признание на Општина Куманово, што се доделува за посебни достигнувања и промоција на градот.
За Столе е познато дека има одиграно повеќе од 70 натпревари во дресот на Македонија.
Фото: ИнстаграмРЖМ