„Спасете ја ќерката, а со нас што сака нека биде“: Исповед на Лејла Залихиќ, мајката која скокна од 3 кат среде поплава

Добивај вести на Viber

Лејла Залихиќ од Коњиќ, мајка на која и денес и се восхитува целиот регион, во утринската програма на ТВ Прва се присетила на своето трауматично искуство и приказната која, за среќа, имаше позитивен крај.

„Мајка која со натчовечки напори успеа да ја спаси својата 13-годишна ќерка од поплава“ – вака сите медиуми во регионот ја пренесоа веста дека Лејла Залихиќ скокнала од третиот кат и препливала три километри низ калта додека водата носеше се со себе.

Лејла поминала дванаесет дена во болница, имала две скршени ребра, пневмонија и модринки, но сега таа, сопругот и ќерката се чувствуваат добро, иако се уште не се целосно закрепнати.

Лејла на гледачите им раскажала за своето трауматично искуство.

„Паднавме заедно со куќата, никој не знаеше за никого“

„Отидовме да спиеме околу 12:30, јас и сопругот на прв кат, а свекрва ми и ќерка ми беа на вториот кат. Околу 2:30 заѕвони телефонот, слушнавме само „вода“. Кога погледнавме низ прозорецот, водата веќе стигнала до првиот кат, ги облековме јакните и чизмите, се качивме на вториот кат, видовме дека водата ни ја однесе колата. Бевме на третиот кат час и половина, повикавме помош, но ниту една служба не дојде. Само почувствувавме како се ниша куќата, еднаш, два пати и третиот пат се сруши. Паднавме заедно со ќерка ми, никоја за никого не знаеше“, рече Лејла, која откако ја спасила нејзината ќерка се разбудила во болниза и еден дел од вечерта воопшто не се сеќава.

Што ѝ поминуваше низ умот

„Видовме дека нема спас за нас, но никој не сакаше да ни каже. Чекавме нешто, но не знаевме што чекаме. Ниту една куќа од моите соседи немаше таму, видовме дека водата беше огромна и дека беше невозможно да дојде до нас“.

Мајчин инстинкт и моќта на мајчинството

„Кога соседот ми се јави да ми каже да не паничам, јас само му реков: „Спаси ја Азија, а со нас што сака нека биде“, рекла Лејла и открила што и дало сила во тој момент, дали се работи за мајчински инстинкт кој не познава страв.

„Кога водата ме донесе до средината, се заглавив во калта и видов големо дрво како доаѓа кон мене. Почувствував притисок во градите. Само длабоко дишев, немав воздух... се предадов... Кога слушнав дека некој вика „мамо“, само го истуркав сето тоа пред мене и се нурнав. Кога видов дека е спасена, ништо друго не ми требаше“, изјавила оваа храбра мајка.

„Не знам како останав присебна, се тешиш сам со себе дека ќе биде добро. Не знам... Господ да ти даде сила како што велат, верувај не знам..."

Фото: Принтскирн/ Видео Прва ТВ
Извор: Superzena.b92.net