„Твоите прегратки го топлат моето срце како ништо друго“: Пере од Нокаут со емотивна посвета за роденденот на ќеркичката Софиа
Пере, фронтменот на групата Нокаут е богат човек. Тој има 4 ќерки, Михаела, Каја, Софиа и Инес.
На овој убав денешен празник Свети Архангел Михаил музичарот има две убави причини за славење. Неговата ќеркичка Софиа вчера прослави роденден, а првородената негова среќа, Михаела денес има именден.
Слатката Софиа наполни 4 години, а по овој убав повод Пере напиша: „Ти внесуваш сонце во моите денови и ме потсетуваш да го ценам секој момент. Твојата насмевка ја осветлува секоја просторија во која што си ти, а твоите прегратки го топлат моето срце како ништо друго. Среќен роденден Софиа ќерко моја“.
Михаела, првородената ќерка на Никола Перевски, или познат во јавноста како Пере тргна по стапките на нејзиниот татко и таа е музичар и пејачка, а неодамна заедно снимија и песна. Односно Михаела, која се потпишува и како Миа е поддржувачки вокал во најновата песна на групата Нокаут.
Фото: Фејсбук
Видео: Youtube
Р.Ж.М.