НЕМА ГРАНИЦИ ЗА МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА: Колумбиецот Јанко со македонски песни ја освојува публиката

Добивај вести на Viber

Јанко Пенафорт, професионален музичар и пејач од Богота, Колумбија на своите настапи во различни делови од светот ги пее македонските народни песни. Ова момче воедно има потекло од Украина, односно неговата мајка е од Киев и вели дека се заљубил во македонската народна музика затоа што е полна со емоции. Во 2023 година и на почетокот на 2024 година, престојувал во Македонија заедно со Исамар од неговиот бенд и е воодушевен од македонскиот фолклор. Вели дека тој е вистинско богатство. Но, и претходно овој млад музичар доаѓал во земјава.

„Првиот пат кога ја посетив Македонија беше во март 2022 година! Ги посетив Охрид и Скопје и таму поминав околу 2 месеци. Патував низ Европа повеќе од 2 години, најмногу во балканските земји и се заљубив во Македонија! Не можев да останам повеќе од 90 дена, па патував во други земји и повторно се вратив по 90 дена. Ги посетив и Битола и Прилеп, и ги засакав. Најчесто изведувам музика во градовите и земјите што имам можност да ги посетам. Така, кога пристигнав во Скопје, побарав на интернет неколку македонски песни и ја најдов „Македонско девојче“. Подоцна открив неверојатни и прекрасни изведувачи како Влатко Миладиноски, Спасен Сиљаноски, Дамјан Стојаноски, Анета и Група Молика и други. Имав дури и прекрасна прилика да го видам Влатко Миладиноски со неговиот брат и оркестарот на Концерт во живо во Битола за време на фестивалот „Зимска приказна“ во декември 2023 година, и тоа беше толку возбудливо и инспиративно! Ме мотивираше да учам сè повеќе македонски песни!“, објаснува Јанко. Целото интервју на Фактор.мк