Никола на мајка му ѝ рекол да не му доаѓа на неговата свадба, да не го срами со евтина облека: Татко му го посрамотил со 1 реченица

Добивај вести на Viber

Младоженецот им забранил на родителите да дојдат на свадба, татко му му возвратил во иста мера

За многу семејства, свадбата е посебна прилика да се соберат и прослават со најблиските. Меѓутоа, младоженецот Никола, чија сестра на Редит напишала за тоа што се случило тој ден, ги шокирал родителите кога им рекол дека не се добредојдени на неговата свадба бидејќи семејството на неговата вереница сметало дека тие „не се доволно добри“ за да присуствуваат на овој важен настан.

„Мојот постар брат Никола, кога се ожени, беше многу млад, неполни 20 години и веројатно толку незрел, што немаше свест што треба, а што не треба да им се каже на родителите“.

Приказната започнува со несебичната поддршка на родителите

„Татко ми и мајка ми купија куќа во близина на универзитетот за да ни олеснат на моите браќа и јас да студираме. Покрај тоа, тие ги презедоа сите трошоци за одржување на куќата и даноците, додека ние што бевме на Универзитет бевме одговорни само за плаќање комуналии. Тој аранжман продолжи дури и откако свршеницата на мојот брат се пресели во куќата“.

„Меѓутоа, се тргна наопаку кога младиот пар организираше дружење за да ги запознае двете семејства. На таа скара кај нас во Бор присуствуваа родителите на младиот пар, сестрата, свршеницата и нејзиното семејство од Пријепоље. Сепак, само неколку минути откако пристигна, мајка ми видно вознемирена го напушти настанот, а јас ја следев. Брат ми се опи и на мајка ми ѝ рече дека не е добредојдена на свадбата, за да не го срами со нејзината евтина облека“.

„Немаше намера навистина да ѝ забрани да отиде, туку да ѝ го привлече вниманието да се погрижи за стајлингот. Сега кога зборуваме за тоа често се смееме и тој самиот вели дека бил глуп и незрел, но некои реченици не смеат да се кажат“.

Сепак, таткото возвратил со интересна забелешка

Иако беше јасно дека се работи за шега, тато не можеше да молчи, очигледно беше дека коментарот му пречеше, па рече:

„Па, синко, ние не сме тип на луѓе чиј стајлинг ти се допаѓа, не ни се допаѓа ниту нам  твојот, па отсели се, да дојдат луѓе чиј вкус е ист со нашиот“.

Приказната предизвика бура од реакции на интернет, а повеќето коментатори застанаа на страната на родителите, велејќи дека коментарот е навистина несоодветен.

„Нема извинување што може да го оправда однесувањето на вашиот син“, напишал еден корисник. Други ја изразија својата зачуденост од постапката на синот: „Хуморот бил многу лош, ако бил насочен кон некој друг освен мајката, тогаш ќе сфатев, но од оваа приказна не изгледа така. Навистина тажно“.

Останува прашањето дали некои работи треба да се кажат како шега или е подобро добро да размислиме дали нешто слично би не навредило.


Фото: freepik