Дали е ова најубавото издание на Наташа Беквалац? Никој не го трга погледот од неа

Добивај вести на Viber

Една од најатрактивни српски пејачки, Наташа Беквалац, повторно ги воодушеви обожавателите со својот аутфит на црвениот тепих. 

На забавата „Ало“ се собраа многу ѕвезди и носеа најразлични интересни и инспиративни комбинации, но за онаа на Наташа се‘ уште се зборува. 

Многумина велат дека црното најдобро ѝ стои на оваа позната русокоса, што таа покажа дека не е далеку од вистината. Нејзиниот фустан е повеќе од идеален за ваква пригода и зрачи со елеганција. Корсет во боја на кожа со црни детали како конци и корпи ја истакна одличната фигура. Црниот проѕирен тул го прекри целото торзо и ракавите. Од половината ѝ паѓаше едноставно црно здолниште со шлиц. 

Косата и шминката секогаш се на врвот на задачата кога е во прашање Наташа Беквалац, па нејзиниот тим овој пат реши да го истакне целиот стајлинг, а косата цврсто ја врза во ниска пунџа, додека посветлата шминка ѝ ја нагласи елеганцијата. 

Совршен изглед, секоја чест!


Фото: Инстаграм/ Инстаграм - Стори