Ф'стак зелена: Откријте ја ИТ бојата за пролет 2025 што модните вљубенички ја обожуваат + комбо идеи

Добивај вести на Viber

Откријте како да ја стилизирате оваа трендовска боја за пролет 2025 година; од чанти и чевли до елегантни комбинации за секој ден.

Оригиналната зелена може да седне на задното седиште (благодарам, Charli XCX) - новата нијанса на зелена се појавува на модната сцена која ќе освои многу ентузијасти: ф'стак нијансата. Пастелните тонови се незаменливи секоја пролетна сезона, но за 2025 година, познатите куќи како Chloé и Prada носат освежени интерпретации на овој вкусен зелен тон кој не ни излегува од глава (ниту од wishliste).




Оваа боја варира од меки, речиси нане тонови до подлабоки, потопли нијанси, обезбедувајќи безброј можности за стилизирање. Лесни ткаенини, тантела и романтични детали во ф'стак зелена нијанса доминираат кај брендовите како Chloé, Erdem и Fendi, додека структурирани кроеви се забележани во Gucci, Emilia Wickstead, Coach, Miu Miu и Baum und Pferdgarten.

Од нежни пастелни нијанси до топли, земјени тонови, погледнете во продолжение како можете да ја вклучите оваа боја во вашата гардероба!

Пролетта 2025 година доаѓа во нијанси на ф'сатк - дали сте подготвени да ја вклучите во вашиот стил?