7 модни грешки кои прават да изгледаме постари и како да ги избегнеме: Правите барем една од нив секој ден – знаете ли која?

Со овие неколку трикови, не само што облеката што ја носите нема да ве прикаже да изгледате како сопствената баба, туку и да изгледате помлади!
Модата треба да биде наш сојузник, начин да се изразиме, да ги истакнеме нашите атрибути и да се чувствуваме сигурни во сопствената кожа.
Сепак, се случува одредени модни избори несвесно да направат да изгледаме постари отколку што сме – и тоа не на софистициран начин, туку на начин што прави да изгледаме уморни, безволни, па дури и неуредни.
Добрата вест е дека сите овие грешки можат лесно да се поправат, само треба да ги препознаеме и да ги замениме со попаметни решенија.
1. Премногу темни тоновиИако црната боја е вечна класика, постојаното облекување во темни нијанси може да направи да изгледаме строго и сериозно, па дури и постаро.
На кожата често и недостасува топлина и сјај кога е опкружена само со темни бои. Решение? Темните парчиња комбинирајте ги со топли беж, крем, пудрести или пастелни тонови кои го освежуваат лицето и ги омекнуваат цртите.
2. Застарени дезени
Една од најчестите причини зошто облеката додава години во вашиот живот е изборот на кроеви кои одамна излегле од мода – прешироки панталони со низок струк, безоблични „дамски“ блејзери или фустани кои висат без никаква форма.
Телото изгледа безживотно и без силуета. Наместо тоа, изберете парчиња кои ја следат линијата на телото, со дискретни струкови и класични кроеви со модерни детали.
3. Премногу тешки и цврсти обувки
Масивните чевли, гломазните мокасини или преголемите платформи можат да изгледаат модерно само до одреден степен.
Кога ќе станат претешки за фигурата, особено кај пониските луѓе, визуелно не „влечат“ надолу и прават да изгледаме постари и поголеми. Изберете поелегантни обувки со чисти линии и блага потпетица што ја издолжува ногата и додава доза на младешка леснотија.
4. Неусогласени додатоци
Или ги има премногу, или воопшто ги нема – и двете крајности може да додадат години. Премногу накит може да изгледа преполно и старомодно, додека целосниот недостаток на додатоци остава впечаток на незаинтересираност и умор.
Најдете средина: едно впечатливо парче (како големи обетки или елегантен часовник) ќе биде доволно за да го подигнете целиот изглед.
5. Премногу вкочанета и тешка шминка
Иако не е директно мода, шминката е дел од целокупниот изглед.
Тешка пудра, темните кармини и преголемата контура може да направат лицето да изгледа уморно и грубо. Лесни, свежи тонови, суптилен хајлајтер и росна завршница прават да изгледате помлади, освежени и поздрави.
6. Чанти кои не ги следат трендовите
Чантата може да биде модна изјава, но може да биде и непријател на младешкиот изглед.
Застарените модели со премногу детали, старомодни токи или непотребни украси изгледаат тешки и немодни. Инвестирајте во класична, но модерна чанта со чисти линии, во неутрална боја која лесно ќе се вклопи во повеќето комбинации.
7. Вкочанети фризури и фризури „под конец“
Премногу залижана коса или вкочанети фризури потсетуваат на старомоден гламур, кој ретко кој одговара.
Наместо тоа, природните бранови, лабавите пунџи или нежните слоевити кроеви прават лицето да изгледа помеко и поопуштено. И никогаш не заборавајте дека здравиот сјај на косата подмладува повеќе од кој било моден додаток.
Насловно фото: foto: Instagram / hoskelsa