Љубовен хороскоп за оваа пролет: Шкорпијата е подготвена за бурно раскинување, а овие три знаци ги чека судбоносна средба

Пролетта започна и по денешното затемнување на Сонцето, следува подобар период за сите хороскопски знаци, особено кога е љубовта во прашање.
По затемнувањето на Сонцето, чии ефекти ќе се чувствуваат уште две недели, ќе има експлозија од љубовни настани за секој хороскопски знак. Љубовниот хороскоп за пролет 2025 ветува многу страст и романса. До 13 април сите хороскопски знаци можат да се соочат со помали или поголеми проблеми на љубовно поле. Совет на астрологот е добро да размислите пред да направите голем рез, а потоа да отфрлите се што не ве исполнува и да дозволите љубовта да ви го стопли срцето.
Од втората половина на април сите знаци од Зодијакот можат да почнат да зборуваат за љубовта. На многумина ќе им се врати чувството на среќа.
Овен
Пролетта е во ваша корист. Искористете ја втората половина на април, како и
мај, за убави емотивни моменти. Ќе плените со енергија и харизма, па сигурно е
дека околу вас ќе се вртат многу луѓе. На вас е да одлучите кому да му дадете
шанса.
Бик
Од втората недела на јуни доаѓа времето за љубов. Некој ви ги разбранува
емоциите, а многу Бикови кои се во стабилни врски можат да планираат заеднички
живот.
Близнаци
Пролетта 2025 година ќе ја паметите по будењето на емоциите. Најдобар период за
Близнаците ќе биде мај и првата половина на јуни. Ќе зрачите со позитивна
енергија и ќе привлечете голем број луѓе кои ќе сакаат почесто да бидат во ваша
близина. Со среќа!
Рак
Ако сте слободни, заљубете се. Ако сте зафатени, внимавајте некој да не ве
заведе и да ја наруши врската што ја имате со саканата личност. Април им носи
среќа и задоволство на многу Ракови. Оние кои се зафатени можат да се надеваат
дека ќе го подобрат односот со саканата личност од втората половина на април.
Лав
Втората половина на април и цел мај се идеални за влегување во нови љубовни
приказни. Многу Лавови ќе се заљубат во личност предодредена за нив и ќе ги
остварат своите соништа. За некои Лавови можно е да го вратат контактот со
личност која некогаш многу ја сакале.
Девица
Во текот на пролетта 2025 година, многу Девици ќе ја запознаат својата сродна
душа и ќе започнат убава емотивна врска. Ѕвездите ќе ви бидат особено поволни
во втората половина на април, како и во текот на јуни.
Вага
Мај и првите денови од јуни носат убави настани на емотивен план. Доколку сте
слободни, ова е идеален период да ја запознаете личноста која ќе ви го распее
срцето. Ако сте во врска или брак, вашата друга половина ќе се потруди да ви
покаже колку им значите. Уживајте во љубовта!
Шкорпија
Во текот на пролетта 2025 година, многу Шкорпии ќе донесат важни одлуки во
врска со нивниот емотивен живот. Некои од вас ќе одлучат да стават крај на
емотивната врска или брак, некои ќе започнат љубовна приказна која има изгледи
да трае до крајот на животот. Во двата случаи, среќата ќе биде на ваша страна.
Стрелец
Мај е идеален месец за љубов. Заљубете се и уживајте во среќата што ја
заслуживте одамна, а која досега неправедно ви бегаше. Зафатените Стрелци ги
чека подобра ситуација дома од втората половина на април.
Јарец
Во април дефинитивно ќе размислувате за вистинска љубов. Многу работи ќе ви
бидат појасни од втората половина на јуни кога ќе имате многу убави моменти,
без разлика дали сте зафатени или слободни. Ќе почнете да гледате на личноста
што ја познавате низ работата со други очи.
Водолија
Затемнувањето на Сонцето нема да успее да ја затемни вашата ситуација на
емотивно поле. Веќе на крајот на март се појавува личност која емотивно ќе ве
трогне. Мај е погоден за планирање на иднината и подобра комуникација со
саканата личност.
Риба
Некој го чека вашиот повик и внимание. Во април бидете отворени за љубов,
бидејќи тогаш ѕвездите се особено поволни за вас. Среќата во љубовта ќе ве
придружува од втората половина на мај до крајот на месецот, како и во втората
половина на јуни, кога ќе можете да ја запознаете љубовта на вашиот живот.
Извор: Zena.blic.rs