Адријана Алачки на голем кулинарски фестивал: „Се запознав со традиционалната кујна на Виетнам, нема шеќер, леб, масло, само алги, ориз, кромид и морска храна“

Добивај вести на Viber

Пејачката и водителка Адријана Алачки го посети големиот „Ocean BBQ & Brew Festival 2025“ кој традиционално се одржува во Ханој, Виетнам.

Уживаше во приготвената храна и прекрасните перформанси на изведувачите во традиционална облека.

„Ocean BBQ & Brew Festival 2025“ е големо кулинарско случување кое секоја година привлекува илјадници туристи. На фестивалот учествуваат голем број талентирани готвачи од Кореја, Кина, Јапонија, Монголија, Германија, Италија, Франција, Бразил и Мексико.

Готвачот Дон Дејвид – потпретседател на Светската асоцијација за скара директно им служи на гостите.

Со 150 препознатливи јадења собрани на 64 кабини за скара, Ocean BBQ & Brew Festival 2025 го носи најразличното мени на деликатеси досега. Тоа се оригинални европски јадења како италијанска пица, француско говедско месо, германски колбас; Азиски јадења со силни вкусови од Кина, Кореја, Јапонија.

„Нашите домаќини Дон Дејвид, како и директорката на средното угостителско училиште во Ханои, Ha Tran не запознаа со традиционалната кујна на Виетнам. Веднаш што забележав нема шеќер, леб, масло, само алги, ориз, кромид, морска храна и многу супи и чаеви. Прекрасна и вкусна храна во еден од најпознатите традиционални ресторани во Ханои, Син Руан“, напиша Алачки.

Фото: Инстаграм
РЖМ