„Кога една личност влегува во твојот живот, со неа влегуваат и сите нејзини лузни, рани, повреди“: Сузана Турунџиева со инспиративен цитат од Марко Жувела

Добивај вести на Viber

Водителката Сузана Трунџиева позната по инспиративните цитати за животот сподели мотивирачки цитат од познатиот писател и композитор, Марио Жувела 

од често знаеме да ги видиме на нејзиниот фејсбук профил.

„Кога една личност влегува во твојот живот, не влегува само таа. Влегуваат и сите нејзини трауми. Влегуваат и сите оние кои ги изгубила, ги повредила, но и они кои ја повредиле нејзе. Влегуваат сите оние од кои очекувала љубов, а не добила. Влегуваат и оние кои многу ја сакале, ама не знаела да ги цени. Бидејќи да знаела, сеуште ќе била во таа приказна. Затоа не заборавај дека никој сам не влегува во твојот живот. Понекогаш е толкава "гужва" да ни сам(а) не знаеш кој доаѓа, а кој заминува...

Кога една личност влегува во твојот живот, со неа влегуваат и сите нејзини лузни, рани, повреди. Влегуваат и сите оние нешта со кои со ноќи се борел(а)... Навиките, очекувањата, разочарувањата... Влегува целиот нејзин живот од моментот на зачнувањето... А ти мислиш дека убаво ја познаваш откако ќе ти каже 2, 3 реда муабет за себе.

Се лажеме... Голема е тоа енигма, непознаница... Затоа немој никого да осудуваш. Никого! Обиди се да разбереш, колку што можеш... Бидејќи не ја знаеш нечија приказна од почеток до крај... Марио Жувела“, напиша Турунџиева.


Во интервју за Женски магазин зборуваше неодамна изјави „Животот ме научи прво да си ги „измијам“ мислите, а потоа телото - со огромна радост ја „облекувам“ најубавата насмевка и излегувам од дома“.

Турунџиева  лошто расположение знае да излекува со музика.

„Никогаш лошото расположение не го лекував со шопинг, изгледа јас сум некоја чудна сорта на која тоа досега никогаш не и паднало на памет! Во таквите моменти јас знам да седнувам на клавирот и да свирам и пеам, да ставам нешто на хартија или да седнам на моето биро и да нацртам или изработам некоја нова изработка од моите камчиња. Тие се мојиот лек, терапија и секое време поминато во креативни цели ми го елиминира и стресот и тагата. Во последно време, единствено нешто што може да ме насмее е мојот внук Јаков, кој е најсветлата точка во мојот живот. Неговото брилијантно мозоче, чистото душиче и дружбите со него ми се поскапоцени од кој било шопинг, па дури и да ми нудат бесплатно да земам се од најскапите бродавници! Рачињата на Јаков на мојот врат, се најскапоцениот ѓердан кој некогаш сум го имала“.

Фото: Фејсбук