„Никогаш не ни помислував дека еден ден тој ќе биде мој сопруг и моја поддршка“: Љубовната приказна на балетскиот пар Христина и Мирослав Митрашиновиќ

Добивај вести на Viber

Балетската сцена на Националната опера и балет освен што е место каде се играат големите балетски улоги, под рефлекторите на штиците што живот значат се раѓа и љубовта.

Таква една романтична љубовна приказна започнала на сцената на НОБ.

Балерината Христина Наќевска Митрашиновиќ, која веќе 10 години реди успеси како солистка во Националната опера и балет, осум години ја има професионално и приватно поддршката од нејзиниот балетски партнер и сопруг Мирослав Митрашиновиќ.

Балетот не само што и
м донесе успешна кариера и професионално ги исполни, туку им ја донесе и љубовта на животот. Христина и Мирослав скоро една година се во брак.

А еве како започнала нивната љубовна приказна:

- Јас и Миро се познаваме долги години, уште кога бев во средното балетско училиште, тој беше мој партнер на годишните концерти, меѓутоа тогаш само како колега, никогаш не ни помислував дека еден ден тој ќе биде мој сопруг и моја поддршка. Нашата приказна започна спонтано пред 8 години и еве до ден денес сè уште трае и од ден на ден љубовта станува посилна, раскажа Христина во интервју за Женски магазин.

Брачни партнери дома, балетски партнери на сцена. Поддршката еден за друг ја имаат постојано. Предност е што одбрала сопруг со иста професија, бидејќи може да предизвика непријатност кај брачниот партнер кој не разбира како функционира професијата – балетан и балерина.

- Поддршката е огромна како од негова страна така и од моја. Не секој брачен партнер би го разбрал ова што ние го работиме и би бил огромна поддршка. Пред сè бидејќи некогаш е потребно да останеш во сала до доцна навечер-надвор од работно време, да играш со друг партнер на сцена, па сето ова на некој можеби ќе му изгледа многу претерано и чудно, но среќна сум што и двајцата сме со иста професија, па знаеме како функционираат работите.

Повеќе прочитајте на линкот подолу.

„Секоја жртва што до ден денес ја имам направено за да го достигнам ова ниво дефинитивно вреди": Интервју со Христина Наќевска Митрашиновиќ, балерина во НОБ