Направив днк тест бидејќи ќерка ми беше преубава за да биде наша - следеше шок: Вистината е уште пострашна
Од Виетнам доаѓа една крајно необична и неверојатна приказна која сведочи колку животот може да не изненади, и дека се во што верувавме може преку ноќ да се претвори во лага. Приказната започнува во најголемиот град во Виетнам, градот Хо Ши Мин, каде пред неколку години се преселиле актерите, брачна двојка со ќерка.
Таткото, чие име не се соопштува, со години се сомневал дека не е биолошки родител на неговата ќерка. Имено, како што растела неговата ќерка Лан, неговата загриженост станувала се поизразена - тој не можел да најде ништо свое кај девојчето и верувал дека таа е „преубава“ за да биде негова.
Причината за сомнеж му била доста бизарна, но можеби само го мачело некое внатрешно чувство, бидејќи на крајот се покажало дека е во право. Сомнежите го прогонувале, па решил да направи ДНК тест.
Резултатите од тестот ги потврдија неговите претпоставки: тој навистина не бил биолошки татко на неговата ќерка тинејџерка. Целосно уништен, емотивно се оддалечил од сопругата и ќерката и се свртел кон алкохолот, како што пренесува виетнамски „Докнхан“. Тој на крајот пукнал и за време на жестоката конфронтација ја обвинил својата сопруга Хонг за неверство, велејќи и дека знаел дека тој не е татко на девојчето.
Таа жестоко ги негирала таквите тврдења, а потоа ја остави сопругата и со нивната ќерка се пресели во Ханој, главниот град на Виетнам. Лан се запишала во ново училиште и набрзо се нашла во чудни околности кои полека почнале да го плетат патот до вистината за нејзиното потекло.
Имено, Лан се спријателува со девојка на училиште за која се испоставило дека е родена на ист ден со неа, и во истото породилиште. Со оглед на тоа што и двете ги прославувале родендените на ист датум, решиле да направат заедничка забава на која, меѓу другото, присуствувале и нивните родители.
На крајот се испоставило дека Лан има неверојатна сличност со мајката на нејзината пријателка, што покренува нови прашања во главите на нејзините родители. По сериозна дискусија, двете семејства решиле да направат ДНК тестови кои ги потврдиле нивните најлоши стравови - дека нивните ќерки биле измешани при раѓањето.
Семејствата сега редовно поминуваат време заедно и се многу блиски, а се уште не одлучиле дали ќе преземат правни мерки против болницата за огромната грешка што е направена.
Фото: Freepik.com
Извор: Zena.blic.rs