Тамара роди дете со аутизам, а сопругот ја пушти да се бори сама: „Најдов утеха во љубовникот, тоа му го кажав и на мојот маж “
Кога велиме измама, сите го поврзуваме тој горчлив вкус на предавство, неверство, а вака таа измама спаси брак
Тамара ја сподели својата исповед на Редит за загубата, измамата и простувањето:
„Никогаш немав намера да го изневерам сопругот. Но, такви работи се случуваат“, започнува Тамара (50), искрено откривајќи ја својата животна приказна. Таа и нејзиниот сопруг се родители на три деца, од кои на едното му е дијагностициран аутизам. Овој предизвик, кој е исклучително тежок за многу семејства, станал непремостлива пречка во нивниот брак.
„Мојот сопруг две години ја негираше дијагнозата на нашето дете. Имаше потреба да го негира својот проблем и ме остави сама да се борам, но овој внатрешен немир исто така влијаеше на нашата врска. Стана емотивно насилен, затворајќи се за секоја можност за разговор и нудење поддршка“, вели Тамара, додавајќи дека во таква средина се чувствувала целосно сама и беспомошна.
Во моментот кога изгубила надеж дека бракот ќе и се спаси, Вања нашла утеха во личност надвор од бракот.
„Во тој период се гледав со другар од средно, прво се дружевме, се сетивме на некои настани, ме радуваше што ме ослободи од вистинските проблеми. После неколку месеци сфативме дека си се допаѓаме, дека и двајцата сакаа нешто повеќе „Не се чувствував виновна за аферата бидејќи некако ме спаси. Почнав да се чувствувам жива и повторно забележлива, сакана“, објаснува таа.
Меѓутоа, таа утеха се претворила во трагедија кога нејзиниот љубовник решил да ја блокира на сите мрежи и да го смени својот телефонски број.
„Бев целосно уништена. Не знаев како да се справам со загубата и вината што ме прогонуваше. Се шетав како без половина глава, во тотален хаос со емоции. Имав впечаток дека сум оставила тој да има моќ над мојот живот, тој беше мојот извор за љубов, среќа и живот“, напиша Тамара.
Нејзиниот сопруг дознал за аферата откако таа самата му кажала. Иако веднаш не ги знаел сите детали, вистината испливала на површина кога Тамара решила да побара стручна помош за да се справи со смртта на својот љубовник.
„Решив да му кажам. Мислев дека тоа ќе биде вистинска причина да се разделиме. Тешко ми беше да преземам иницијатива сама. Мојот терапевт ми рече дека морам да бидам целосно искрена со мојот сопруг ако сакам да го спасам бракот и да продолжам напред“, се сеќава таа.
Она што следело било еден од најтешките аргументи во нејзиниот живот.
„Кавгите, солзите, чувството на предавство, се пакував за да заминам, потоа ги враќав куферите во гаражата, размислувајќи, ајде да се обидеме да го поправиме - сето тоа излезе на виделина. Една недела откако мојот љубовник реши да излезе од мојот живот, бев убедена дека сакам развод, имав многу причини за тоа“.
Тамара решила да вложи труд во терапијата, и индивидуална и брачна, и да се обиде да изгради нова врска со нејзиниот сопруг.
„Три години подоцна, можам да кажам дека работите се во ред. Сè уште работиме на нашата врска, но сега сме поискрени еден со друг од кога било досега. Учам да простувам, но и да барам прошка. Изневерив, но и тој виде зошто го направив тоа. Бев сама, на ветрот со болно дете, неговиот излез од проблемот беше алкохолот и игнорирањето. Сега кога размислувам, ни требаше таа афера за да ја подобриме нашата врска“, заклучува Тамара и се надева дека нејзината приказна ќе ги инспирира другите да најдат сила да се соочат со предизвиците и да дадат нова шанса, дури и кога се‘ изгледа изгубено.
Други луѓе се надоврзаа на таа објава, па тие самите пишуваа за нивните искуства и што значи измама за нив.
Едно момче напиша како ја фатил својата девојка како го изневерува, а потоа ги избркал двајцата голи и без облека. Некој учи лекција, за некого тоа е неприфатливо, а некој, како Тамара, расте во таква врска.
Што за вас претставува измама?
Фото: freepik
Извор: стил.курир