СКОПЈЕ НАЈЗАГАДЕНО ВО ЕВРОПА, СЕ ВЛОШУВА СОСТОЈБАТА НА БОЛНИТЕ ОД ХОББ: Болниците се полнат со пациенти

Добивај вести на Viber

Хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ) претставува сериозно и прогресивно заболување кое значително го намалува квалитетот на животот на заболените. Оваа болест се карактеризира со потешкотии при дишењето, кашлица, и намалена способност за физичка активност, а во потешки случаи може да доведе и до животозагрозувачки компликации. Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека ХОББ е третата водечка причина за смртност во светот, со милиони заболени и починати секоја година. Во светот од оваа болест, боледуваат повеќе од 400 милиони луѓе и за жал, нивниот број постојано се зголемува. Секоја година поради ХОББ умираат по 3.5 милиони луѓе, а преваленцијата и морталитетот се најголеми во неразвиените земји.

Во Македонија, според достапните статистики, илјадници лица страдаат од ова заболување, а бројот е во постојан пораст. Главен ризик фактор за ХОББ е пушењето, но во земји како нашата, каде што проблемот со загадениот воздух е хроничен, аерозагадувањето станува значаен фактор за развој и влошување на оваа болест.

Особено е алармантна состојбата во Скопје, кое деновиве се рангира како најзагаден град во Европа, и постојано е во врвот на листите. Пулмолозите предупредуваат дека високото ниво на ПМ-честички не само што ја влошува состојбата кај веќе заболените, туку и го зголемува ризикот за развој на ХОББ кај ранливите групи, како што се децата и постарите лица. Повеќе на Фактор.мк

Фото: freepik - teksomolika