Цело тело ѝ изгоре во шумски пожар: Го молела момчето да ја остави, а тој ѝ докажал колку е заљубен во неа

Добивај вести на Viber

Поминаа 13 долги години откако една храбра жена се соочи со смртта и излезе како победник. Рекреацијата ја прекинла едно утро поради пожар во шумата каде што се наоѓала Турија.

Ништо не се сомневала, се додека во еден момент не ја кренала главата и пред себе видела страшна глетка - сè горело пред нејзините очи и се оган се ширел со брзина на светлината. Единствениот излез што можела да го види во клучните секунди бил врвот на една стрмна карпа. Таа се искачила, но предоцна сфатила дека големиот оган брзо ќе ги загрее карпите и ќе стане вистински пекол.

- Почувствував како ме пече кожата. Не знаев дали повеќе горам од топлината од огнот или дополнителната изложеност на неверојатно силното сонце. Чувствував како кожата да ми се одвојува и наместо да ги поминувам моментите во повикувањето на Бога и надеж дека ќе слушнам сирени и нечиј глас, единствено пред моите очи беше фигурата на моето момче Мајкл – изјавила Турија.

Момчето со кое одамна се забавуваше, Мајкл Хоскин, е единствената мисла што и даваше сила да издржи во тие моменти, кога беше оставена на милост и немилост.

Хеликоптерот пристигнал и успеал да стигне до Турија и да ја пренесе во првата блиска болница поради нејзината состојба. Лекарите објавиле дека младата Турија е во кома и дека шансите да се разбуди од неа се многу мали, барем не во здраво тело. Таа се здобила со изгореници речиси по целото тело и изгубила неколку прсти на раката.

Кога се разбудила од кома по еден месец борба, лекарите и рекле дека сè уште може да има деца и да основа семејство со надеж дека ќе ја олесни болката низ која минува.

- Го молев Мајкл да ме остави, да не биде со мене, бидејќи не можев ни да се погледнам во огледало, а потоа тој ме запроси - рекла таа.

Не ни била свесна дека Мајкл го купил вереничкиот прстен додека таа ја водела битката меѓу будењето и спиењето, најдолгата за него, еден месец.

Турија нагласила дека најчудно за неа е да се навикне на секојдневните комплименти кои ги добивала од сопругот како „убава си денес Турија“ или „ги имаш најубавите очи што сум ги видел“.

Турија се вратила на спортските патеки и по се што минала, но овој пат како среќна мајка на две деца со човекот кој со неа го совлада пожарот.

Благодарение на него, денес, 11 години подоцна, Турија стана хероина која повторно се осмели да го живее животот онака како што сака - со многу љубов и вера.

Фото: Инстаграм
Извор: Ona.telegraf.rs