„Неговите терапии се менуваат. Се бори! Зорица Марковиќ за здравствената состојба на Саша Поповиќ: „Се надевам дека ќе издржи сѐ“
Пејачката Зорица Марковиќ пред медиумите откри дека редовно се слуша со Сузана Јовановиќ која сега ѝ кажала дека на Саша му се менуваат терапии по потреба, а тој се бори што побрзо да оздрави.
Креативниот директор на „Гранд “, Саша Поповиќ, извесно време отсуствува од снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранд“ поради здравствени проблеми.
Пејачката Зорица Марковиќ сега за медиумите во соседството откри како се чувствува Поповиќ во моментов. Имено, таа тврди дека Саша сега е на терапии кои се менувале во зависност од препораката на лекарот, како и дека често е во комуникација со неговата сопруга Сузана Јовановиќ.
- Често им се јавувам, прашувам одвреме-навреме, но не сакам да им пречам. Саша оди на терапија, се бори, што ќе прави... Се менуваат по потреба. Се надевам дека се‘ ќе биде добро и дека се‘ ќе протурка, силен е тој - изјави Зорица за „Блиц“.
Фото: Youtube - screenshoot