Експерт за парфеми за мирисот што го направи Јелена Карлеуша! Ја сними реакцијата и имаше јасен став: „Не е за...“

Добивај вести на Viber

Поп дивата Јелена Карлеуша лансираше линија на парфем и специјални миризливи спрејови за тело, кои се пуштени во продажба од вчера.

За да си донесе среќа, Карли прва купи шише парфем во парфимерија, а потоа одржа промоција во еден белградски трговски центар и на бројните обожаватели им покажа на што работела долго време, темелно и тајно. 

Парфемот има специфично име: „ЈА - ЈК“, што ги претставува нејзините добро познати иницијали, но вкрстени со името на баладата „ЈА“, за која дивата сама ги напишала стиховите. 

Медиумите во соседството пишуваат дека откако официјално започнала продажбата на парфемот настанало вистинска лудост за мирисот и миризливите спрејови, а меѓу првите го тестираше парфемот и даде свое мислење Виктор Михајловиќ кој на интернет се претставува како експерт за парфеми и се нарекува Perfume Man.

-Парфемот на Јелена Карлеуша штотуку е лансиран. Први впечатоци на експерт за парфеми. Ух, сочни, темни цветови, тоа е првиот впечаток што го добивам. Не штедела на квалитетот, веднаш се чувствува потентно, мириса силно и квалитетно. Нема алкохол во отворот. Што се однесува до мене, палците горе - рече експертот и додаде:

- Малку ме потсетува на парфемот на Шанел коко. Темно, цветно и исклучиво за жени со карактер, тоа значи впечатливо, а не за нежните – истакна тој.


Фото: Инстаграм - Стори