Аделина Тахири се почасти со обувки од 3.500 евра: Од моделот „болат“ очи

Добивај вести на Viber

Аделина Тахири е позната дека сака брендови. 

Пејачката не ретко на социјалните мрежи се пофалува со своите брендирани парчиња, од облека, ташни, обувки и аксесоари. Но овој пат самиот модел со кој го збогатила нејзиниот гардеробер и колекцијата на обувки е несекојдневен, шик и чуден.

Имено атрактивната дама се почастила со обувки од модниот дизајнер schiaparelli, Мејсон Шчијапарели. Дизајнот на обувките е нестандарден, предниот дел е со златна боја, но она кое е фасцинантно е самиот дизајн - обувката изгледа како да е направена од златни прсти, останатиот дел од чевлите со високи потпетици се со црна боја.

Овие чевли Schiaparelli се продаваат по цена од 3.500 евра или 210.000 денари.


Ги има во повеќе варијанти, како сандали, но и како кломпи. Кои на официјалната страна на брендот се продаваат за 3.300 евра или околу 200.000 денари.


Останува да видиме како ќе ги искомбинира овој пар чевли Аделина, која важи за една од најубаво облечените дами кај нас.

Инаку, Аделина е во брак со познатиот наш адвокат Серјожа Марков, плод на нивната љубов е нивниот наследник Јон.


Р.Ж.М.

Фото: Инстаграм