Елена Ристеска повторно би нѐ претставила најдобро на Евровизија: Еве како изгледаше на црногорскиот избор

Добивај вести на Viber

Вечервавечер, во Подгорица Црна Гора, нашата музичка ѕвезда Елена Ристеска настапи во ревијалниот дел на Црногорскиот избор за песна на Евровизија „Montesong 2024”.

Ристеска се претстави со песната „Мука ми је“, која е препев од нумерата со која пејачката учествуваше на нашиот музички фестивал Макфест, „Ме боли за се‘“.

За овој нејзин настап таа одлучила да носи интересен комплет од панталони и сако. Панталоните се елегантни во црна боја, а горниот дел, сакото е со црна основа со интересен златен детаљ. Дизајнот на сакото е софистициран кој наликува на голема панделка. 

За шминката и фризурата на Елена и овој пат се погрижил нејзиниот верен и најблизок пријател и стилист, Даниел Николовски. Косата се одлучил да биде врзана, па така доаѓаат до израз обетките кои го надополнуваат целиот изглед. 

На сцената пејаката излезе со наочари, а пееше седната на столица. А откако публиката која го следеше изборот за песна на Евровизија за Црна Гора ја слушна како пее Ристеска, на социјалните мрежи се пишуваше: Македонија треба да се погрижи Елена да ја претставува на Евровизија.


Р.Ж.М.

Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot

Видео: Youtube