Не се вика Дијана: Мајката на Новак Ѓоковиќ има друго име

Добивај вести на Viber

Најголемата поддршка за Новак Ѓоковиќ од моментот кога за првпат стапна на теренот беше неговото семејство. Тие секогаш беа со него.

Додека неговиот татко го следеше на бројни турнири и беше присутен во медиумите во текот на неговата кариера, неговата мајка Дијана беше таа која секогаш се држеше настрана.

Меѓутоа, Дијана во последно време заедно со сопругот Срѓан почна почесто да се појавува во јавноста и да дава изјави кои најмногу се поврзани со нивниот син Новак.

За време на хаосот во Австралија и депортацијата од Мелбурн, таткото Срѓан, мајката Дијана и членовите на семејството испратија пораки со поддршка до Ноле. 

Дијана Ѓоковиќ, мајката на Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во историјата, откри дека има друго име!

За време на гостувањето во емисијата „Балканска улица“, Дијана откри една многу интересна приказна за нејзината крштевка. Таа рече дека се крстила пред 30 години во црквата и дека тогаш го добила крстеното име што ѝ го дал нејзиниот сопруг Срѓан. Го избрал старото српско име Милица.

Таа призна дека многу ѝ се допаѓа тоа име, но дека не сака така јавно да ја нарекуваат.